„Во пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот, вели Боки 13 – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 3:10 PM

„Во пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот, вели Боки 13

Админот на профилите на Боки 13 на Социјалните мрежи постојано објавува по нешто. Денес објави идеја на  Боки 13 и се осврна на неговата гардероба, која како што рече, била „фантастичен доказ“.
-Мене ми беше одземена целата гардероба, чевли, чанти, часовници, наочари, накит, уметнички слики… тоа беа “фантастичните докази” на Русковска со кој бев огласен за виновен и осуден, без да биде утврдена вредноста, годината на производство и кога се истите набавени и без никакво вештачење за одземените предмети, се на ѓутуре и жими мајка. Но, неисе, изјавувам и давам јавно ветување, доколку некогаш победи правдата и доколку дојде тој ден да ми бидат вратени сите неосновано одземени предмети јас во целост се откажувам од нив во корист на семејства и лица кои се во социјален ризик.
Предметите би биле на јавна лицитација а парите да бидат дониранина оние на кои им е најпотребно.  Давам предлог до надлежните во државата место да скапуваат бесправно одземените предмети во некој магацин, иако сметам дека дел од предметите се веќе украдени од оние што ми ги одземаа, веднаш да се спроведе јавна лицитација и продажба а парите да бидат дадени на семејства на кои им е потребна помош, вели Боки 13 и додава:
-Направете барем нешто добро во целиот овој правен циркус и неправда! Со се мојот пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот, вели тој во статус на Фејсбук.