Кои се десетте најплатени фудбалери во светот? Нема Македонци меѓу нив, но има резерви на Реал – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 7:00 PM

Кои се десетте најплатени фудбалери во светот? Нема Македонци меѓу нив, но има резерви на Реал

Шпанска „Марка“ излезе со ексклузивни податоци за најплатените фудбалери во светот. Според нивното истражување доминираат фудбалерите на Пари Сен Жермен, но има и многу фудбалери од Шпанија, како и тројца од Англија.

Иако често се повредува и никогаш нема одиграно повеќе од 20 првенствени натпревари за сезоната за Пари Сен Жермен, Нејмар е убедливо најплатениот фудбалер на планетата со речиси 50.000.000 евра по сезона!

Станува збор за бруто бројки, што значи дека се вклучени во данокот, па во зависност од државата и законот, некои фудбалери можат да добијат и половина помалку пари од наведената сума.

Втор на листата е Лионел Меси кој го чини ПСЖ нешто повеќе од 40.000.000 евра, а трет на листата е Герет Бејл! Иако воопшто не е дел од Реал Мадрид, Велшанецот инкасира 34.000.000 евра годишно без многу пот на теренот!

На списокот се најде и Еден Азар кој доби четири милиони помалку, а исто така ретко игра, а тука е и Карим Бензема кој парите сепак ги оправдува со голови.

ПСЖ на листата го има и Килијан Мбапе, кој моментално е осми во светот по плата, но сосема е сигурно дека од лето ќе биде на првото место.

Кристијано Роналдо е „само“ четврти, Антоан Гризман е на петтото место, а тука се и Кевин Де Брујне и единствениот голман на листата Давид Де Хеа.

КОМПЛЕТНА ЛИСТА:
1. Нејмар 48.996.000 евра
2. Лионел Меси 40.500.000 евра
3. Герет Бејл 34.000.000 евра
4. Кристијано Роналдо 31.560.000 евра
5. Антоан Гризман 30.000.000 евра
6. Еден Азар 30.000.000 евра
7. Килијан Мбапе 26.400.000 евра
8. Кевин Де Брујне 24.720.000 евра
9. Карим Бензема 24.000.000 евра
10. Дејвид Де Хеа 23.300.000 евра

извор: Marca.com

фото: /www.archyde.com/