(Видео) Констракта на ромска свадба: Лудница со песната „Ин корпоре сано“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 10:00 PM

(Видео) Констракта на ромска свадба: Лудница со песната „Ин корпоре сано“

Србија на претстојната Евровизија ќе ја претставува пејачката Констракта која со песната „In corpore sano“ крена голема прашина во домашната но светска јавност.

На некои им се допадна, на некои не, но едно е сигурно – нема кој не успеал да и „влезе во уши“, а таа го повторува стихот „уметникот мора да е здрав“. Колку споменатата песна била популарна сведочи и тоа што почнала да пее на свадби!

Пејачот Слободан Батјаревиќ Цобе ги запали мрежите со снимка на која ја пее песната „In corpore sano“ на ромска свадба додека младенците сечеле торта која имала дури шест ката.

Учесникот на натпреварот „Ѕвезда Гранда“ ја прилагоди песната на радоста на која настапи, а „свадбената“ верзија на песната на Констракта ги обиколи сите социјални платформи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)

извор: Mondo.rs

фото: Мондо