Журка под маски со Сале и „Тропико бенд“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 1:38 PM

Журка под маски со Сале и „Тропико бенд“

Белградскиот заводник и кршач на женски срца Сале со „Тропико бенд“ доаѓа во Скопје.

Тој ќе направи првоаприлска журка под маски и тоа на  afterwork маскенбал забава во „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје, која ќе почне од 17 часот.

По настапот, за денот на шегата, предвидена е дружба со Сале и екипата.

Нивната желба е во ритамот на првоаприлската забава да „паднат маските“ и со насмевка и весело расположение се отпеат сите сите нивни хитови, а ги има многу.