Силен екот на тапан и пискот на зурли ја распара еднодецениската тишина во пробиштипската киносала „Злетовски рудар“. Со маестралната изведба на „Тешкото“ на македонскиот бисер „Танец“, вчеравечер официјално беше ставена во функција оваа нова, модерна сала, во која пробиштипјани отсега ќе можат да уживаат во мноштво културни настани.
Повеќе од настанот и атмосферата може да видите овде.