Познати 29 од 32 учесника на Мундијалот во Катар, утре е ждрепката за групите – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 9:32 AM

Познати 29 од 32 учесника на Мундијалот во Катар, утре е ждрепката за групите

Познати се 29 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Од Азија: Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Јапонија.
Од Африка: Гана, Мароко, Сенегал, Камерун, Тунис.
Од Европа: Англија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Франција, Хрватска и Швајцарија.
Од Северна Америка: Канада, САД, Мексико.
Од Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај.

Преостанатите три селекции кои ќе играат на Светското првенство во 2022 година ќе бидат одредени како резултат на плејофот:
Костарика – Нов Зеланд
Обединетите Арапски Емирати – Австралија
Велс — Украина/Шкотска.

Повеќе од 800.000 влезници се купени во текот на првата фаза од продажбата на билети за Светското фудбалско првенство во Катар, објави денеска ФИФА.

Вкупно во почетната фаза се продадени 804.186 влезници, најголем број од тоа од навивачи во Катар, САД, Англија, Мексико и ОАЕ.

Следната фаза од продажбата на билети ќе почне на 5 април во 11 часот, откако ќе биде познат составот на групите.

Жрепката за групната фаза на Мундијалот во Катар е закажана за в петок од 18 часот, во Доха.

Светското првенство ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември. Извлекувањето на групите е утре (1 април) во Доха. 

МИА

фото: Marca.com