Губење на видот, епилепсија, деменција – Поради болест Брус Вилис ја заврши кариерата – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/22 8:34 AM

Губење на видот, епилепсија, деменција – Поради болест Брус Вилис ја заврши кариерата

На почетокот на месецов одекна веста дека холивудскиот актер Брус Вилис се бори со деменција, а тоа е и причината поради која прифатил голем број улоги во помали филмови бидејќи не е сигурен колку долго ќе биде способни за работа.

Сепак, “Page Six”  објави дека на познатиот холивудски актер му била дијагностицирана афазија.
Во официјалното обраќање до јавноста, семејството потврди дека Брус Вилис боледува од афазија, која влијае на неговите когнитивни способности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

– На нашиот сакан Брус му е дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Поради ова, тој се повлекува од кариерата која многу му значи. Ова е предизвик за него и за целото семејство. Благодарни сме за вашата поддршка и љубов. Продолжуваме заедно како семејство – напиша меѓу другото поранешната сопруга Деми Мур во соопштението.

Изјавата ја потпишале и сопругата на Ема и децата на Вилис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Афазија е губење или нарушување на веќе стекнатите јазични способности предизвикани од повреда на мозокот. Повредите на мозокот се особено чести како последица на мозочни удари, но може да настанат и како последица на физички повреди, тумори, деменција, заразни болести на мозокот и поради други причини.

Покрај јазичните нарушувања, афазијата ги предизвикува и проблеми со свесно дејствување, доживување на животната средина,  концентрација, преземање иницијатива и паметење.
Луѓето со афазија повеќе не можат да прават две работи во исто време.