Вечерва во Штип и штипско МВР спроведува голема полициска акција. Неофицијално станува збор за запленување на дрога вредна пола милион евра, односно станува збор за над 150 килограми марихуана, а во акција паднала поголема организирана група луѓе.
ММС се обрати до МВР за повеќе информации, но освен што потврдија дека има полициска акција не сакаа да кажат ништо друго.
-Деталите ќе се дознаат утре. Вечерва не можеме да кажеме ништо повеќе, рекоа од МВР
Вчера, пак, беа извршени претреси на 8 локации во Кавадарци и Неготино, при што лишени се од слобода 12 лица кои се занимавале со продажба на наркотични дроги.
По извршеното вештачење на пронајдената дрога утврдено е дека станува збор за марихуана со тежина од над 6 килограми, вкупна вредност од 15.000 евра
Од МВР денес информираа дека во текот на март криминална група на препродавачи на марихуана и кокаин на подрачјето на Кавадарци и Неготино, при што тој ја набавувал наркотичната дрога, ја препакувал и организирал мрежа за продажба


