„Ќе умрам ли?“ – Откриено со што е труен Абрамовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/22 4:31 PM

„Ќе умрам ли?“ – Откриено со што е труен Абрамовиќ

Пријателот на Путин и руски милијардер Роман Абрамович бил отруен или со хлоропикрин, хемиско оружје од Првата светска војна или со мала доза новичок, пренесува Дејли Мејл.

Абрамович заминал на лекување во Истанбул. Во меѓувреме се дозна дека Абрамович бил толку болен по труењето што ги прашал лекарите кои го прегледале дали ќе умре.

Други двајца преговарачи имале симптоми на труење. Не се работи за труење со храна, туку за хлоропикрин или новичок, убедени се експертите.

Хлоропикринот има прилично силен мирис и тешко е да не се забележи, но експертите велат дека постојат и верзии на овој отров кои се развиени без мирис. Ако не е хлоропикрин, втората опција е новичок.

Научниците не можат со сигурност да утврдат за кој отров се работи бидејќи поминало премногу време од моментот на труење до моментот кога Абрамович пристигнал во болница и лабораторија. Може само да се погоди, но според симптомите кои ги имал отруениот, најверојатно се работи за хлоропикрин или новичок, пишува Дејли мејл.

Поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија исто така биле отруени од новичок.

И новичок и хлоропикринот имаат слични симптоми. Хлоропикрин е моќен пестицид кој се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба. Може да се користи во спреј и да ја контаминира водата и храната.

Човекот може да го вдишува или да го внесе во телото преку храна и пијалок. Исклучително е штетен и ги иритира белите дробови, очите и кожата.

Фото: Скриншот Јутјуб