Дезире Вајт (32) се разведе од сопругот и се омажи за својот пријател Брајант, кој беше кум на нејзиниот поранешен сопруг на нивната венчавка.
Тогаш Брајант и кажал, пред сите, дека е заљубен во неа
-Се сеќавам на првиот пат кога ја видов Дезире. Се заљубив во неа. Знаев дека мора да биде моја. Таа е најубавата личност што сум ја видел во животот, изјави Брајант додека на венчавката во 2010 година наздравуваше со својот најдобар пријател како кум.
– Таа е најдобрата личност што сум ја запознал. Никогаш не сум сретнал некој како неа. Потоа дознав дека таа веќе има момче и знаев дека треба да најдам начин да ја добијам, но потоа го запознав и нејзиното момче (сега бившиот сопруг) и станавме пријатели. Ве сакам двајцата – честитки – се присети Дезире на говорот на Брајант.
@desiree.white We still makes fun of him for it #husbandwife #husbandandwife #husbandwifecomedy #comedy #couplescomedy #marriage #crazy #marriagehumor #fypシ #foryouu ♬ Crazy – Patsy Cline
Таа додала дека по неговото признание, во салата со 200 луѓе владеела молк, а таа била многу засрамена.
„Брајант и мојот поранешен сопруг станаа најдобри пријатели и бидејќи беа момчиња, правеа сè заедно“, рече Дезире, додавајќи дека никогаш немала чувства кон Брајант, кого го запознала во средно училиште.
Таа додала дека точно се сеќава на неговиот изглед кога ја видел во венчаница и дека никогаш порано не ја гледал така. Брајант наводно се опијанил на венчавката, а потоа јавно и ја признал љубовта. Истата вечер, Дезире танцуваше со Брајант. Додека танцувале, Брајант ја прашал зошто никогаш не му дала шанса.
Своето признание, Дезире подоцна го оправда со фактот дека само бил пијан и не знаел што зборува. Меѓутоа, кога нејзиниот брак почнал полека да се распаѓа по една година, бидејќи нејзиниот сопруг усвои сосема различни навики, нејзината врска со Брајант преминала од пријателство во љубов.
За време на нејзиниот развод тој постојано бил покрај неа и ја тешел, а во еден момент на нејзино изненадување дури и ја бакнал.
– Излезе од никаде. Кога ме бакна, не се оддалечив, а потоа му возвратив. Бев шокирана што тоа беше добар бакнеж. Се чувствував добро и природно, се присети Дезире.
По една година од нивната врска, таа забременила со нивниот прв син Соер, кој сега има девет години, а парот се венчал во 2012. Денеска имаат четири деца и се среќни, пишува New York Post.