Согласно епидемиолошката состојба Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки.
-Дадовме препорака за укинување на маските и во средните училишта, бидејќи децата од основните училишта веќе одат без маски. Донесовме и препорака да се овозможи организирање на екскурзии на децата од основно и средно образование. Се уште важи препораката наставниот и техничкиот кадар да носи маска, но и децата кои сакаат. Трендот е позитивен, но за укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Трансмисијата на вирусот се намалува и ќе разгкедуваме укинување на останатите мерки, рече Мехмедовиќ.
На новинарско прашање дали се размислува за намалување на рестрикции и при влез во земјава Мехмедовиќ рече:
-Постои листа на мерки и се разгледува на секој состанок. За влезот во државата досега неколку пати е дискутирани и можно е уште нанаредната седница да се донесе некоја одлука, рече тој.
Тој додаде и дека треба да се подигне трендот на вакцинација за да можеме комплетно да се вратиме на нормалното.
(В.М.)