Хиларија Болдвин објави на Инстаграм дека е бремена, што значи дека таа и Алек го чекаат седмото дете!
Во 2019 година Хиларија имаше спонтан абортус, а веста за тоа ја објави уште пред да оди во болница. Набргу потоа, парот го доби своето петто дете, а шестото (со неколку месеци разлика) го роди сурогат мајка.
„Ние сме добар тим“ е реченицата која двојката Болдвин ја изгравирала во бурми и до неа се држат во текот на брачниот живот.
“Една од најубавите работи што ги доживеале моите деца е како срцето може да расте со секој нов брат или сестра! Нашиот капацитет за љубов продолжува да се шири и едвај чекаме да го гушнеме новото бебе оваа есен”, напиша Хиларија на Инстаграм.
Хиларија и Алек ги имаат ќерките Марија Луис Викторија (13), Кармен Габриела (8), синовите Рафаел Томас (6), Леонардо Ангел Чарлс (5), Ромео Алехандро Давид, Едуардо Пао Лукас.
Алекс и Ким Бесинџер имаат и ќерка Ајрланд Болдвин.
View this post on Instagram
Оваа радост на Болдвин му се случува по трагедијата, кога минатата година го уби директорот на фотографија за време на снимање. Судењето се уште е во тек, а сите шпекулираат дека неговата сопруга Хиларија сака да го претстави Алек пред медиумите во најдобро можно светло, како семеен човек и добар татко.
Но, на публиката не и се допаѓа тоа што премногу форсира ново потомство со Алек, кој веќе има шеесет години.
Актерот веќе се врати на работа, а неговиот изглед е загрижувачки. Сите ја забележуваат исцрпеноста на актерот кој се обидува да се врати на актерството по несреќата на сетот.
Хиралија е сигурна дека новото бебе е најдоброто решение за нов почеток и нов имиџ на Алек Болдвин!