(Видео) Убавина! Како звучи бомбата на Трајковски на 17 јазици – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/22 9:14 AM

(Видео) Убавина! Како звучи бомбата на Трајковски на 17 јазици

Македонија вчера загуби од Португалија со 2:0 и ја пропушти шансата да заигра во Катар на Светско првенство. Но, тоа не е крај на светот и не треба да тагуваме, бидејќи за нас и ова до тука што го направија нашите фудбалери е успех.

Никој досега не ја заборавил победата над Германија, а уште посвежа е и победата над Италија.

Дека има причина за радост покажува и оваа снимка од голот на Трајковски над Италија. На овој гол не се радувавме само ние, туку и цел свет, освен Италија, се разбира.

Погледнете во видеото како звучи голот на Македонија против Италија на 17 јазици. Коментаторите тоа најдобро го опишуваат.