Владимир Егоров борач на штипски „Балканец“ е европски шампион – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/22 7:50 PM

Владимир Егоров борач на штипски „Балканец“ е европски шампион

Борачот на БК „Балканец“-Штип, Владимир Егоров се закити со злато на европското првенство во Будимпешта. Тој стана европски шампион. Штипјани имаа можност натреварот да го проследат на видео бим, на Градскиот плоштад „Слобода.

Љубителите на овој спорт, како и членови на БК „Балканец“ и сите присутни ја прославија победата на Егоров.

Спортската еуфорија штипјани ќе ја продолжат на плоштадот, каде што ќе можат да го проследат и фудбалскиот натревар Португалија- Северна Македонија.

Општина Штип го организира следењето на натпреварот.

МИА