Убава и не старее – Вака се храни Моника Белучи – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/22 9:00 AM

Убава и не старее – Вака се храни Моника Белучи

Освен што е позната по одличната глума и улоги, Моника Белучи со години е симбол и на нејзиниот младешки изглед.

Многу дами секако се прашуваат како успева во тоа. Познато е дека оваа преубава актерка не е баш љубител на вежбањето, но затоа внимава на исхраната! Убавата актерка истакнува дека многу ужива во храната, а најмногу ја сака италијанската кујна. Меѓутоа, кога ќе претера и ќе забележи колку вишок килограми има, веднаш го намалува менито.
Нејзината диета изгледа вака:


ДЕН 1

Појадок -150 мл јогурт со јаболко
Ручек – 200 гр варено говедско месо, 200 гр салата со лажица маслиново масло и парче пченкарен леб
Вечера – чинија свежи јагоди, 150 гр ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр рендано сирење, 150 гр салата
ДЕН 2

Појадок – шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје
Ручек – омлет од три јајца, две мали варени тиквички, парче интегрален леб.
Вечера – 150 варено посно месо, салата
3 ДЕН

Појадок – шолја зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут
Ручек – 200 гр варени или печени компири со магдонос, 100 гр сирење со малку маснотии
Вечера – 170 гр шпагети со маслиново масло.
ДЕН 4

Појадок – јогурт со 2 лажици мед, 40 гр сирење
Ручек – 100 гр ориз, 100 гр варени тиквички, 100 гр варено говедско месо
Вечера – чинија од кое било овошје, 200 гр варена риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје.
5 ДЕН

Појадок – чаша свежо исцеден сок, две солени крекери
Ручек – 100 гр шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал
Вечера -250 гр салата од зеленчук, со неколку мешунки, овошје.
И не ги заборавајте зборовите на Моника:

– Се чувствувам добро и удобно со себе, но не затоа што сум убава, туку затоа што тоа сум јас.

Извор:stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм