(Видео) „Се смирија, па тие се браќа“ – П. Диди откри што се случувало зад сцената на Оскарите – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/22 2:06 PM

(Видео) „Се смирија, па тие се браќа“ – П. Диди откри што се случувало зад сцената на Оскарите

Раперот Шон Комбс, попознат како П. Диди, е заеднички пријател на актерот Вил Смит и комичарот Крис Рок.

Сега нивниот заеднички пријател откри што се случило на забавата по церемонијата. Диди исто така тврди дека Смит и Рок се помириле пред забавата.

– Нема проблем. Тоа е готово. Тоа можам да го потврдам. Има само љубов. Тие се браќа – изјави тој за Page Six.
Диди беше и на Оскарите.  Иако раперот тврди дека двајцата познати забавувачи се помириле, нема докази дека воопшто комуницирале по Оскарите. Да додадеме дека комичарот не се ни појавил на споменатата афтер забава.


Фото: Принтсктин видео Твитер