(Видео) „Не е вотка, а ни вода“ – Чудни шишенца на маса ги збунија преговарачите во Истанбул – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/22 1:45 PM

(Видео) „Не е вотка, а ни вода“ – Чудни шишенца на маса ги збунија преговарачите во Истанбул

За време на преговорите во Истанбул се случи чудна ситуација кога членовите на делегацијата седнаа на маса.

Снимките и фотографиите од преговорите покажуваат дека на масата немало вода, како што обично се случува, туку до знамињата имало шишенца кои го збуниле рускиот преговарач Медински. На тоа реагирал Дејвид Арахами, кој му рекол дека не се работи за вотка, туку за антисептик кој го има на сите маси поради коронавирусот, а тоа го забележале и телевизиските камери.


Една од темите што ги покрена руската страна во преговорите се снимките од руски војници. Руската страна бурно реагираше поради видео содржината во која се понижува руската армија.

Според Михајло Подољек, украинската страна ветила дека ќе преземе мерки за да спречи повторно појавување на вакви снимки. Тој рече дека доколку се прекршат законите против воените заробеници, ќе се преземат мерки.
Украинскиот преговарач истакна дека конфликтот сега ескалира.


„Двете страни повикуваат на уништување на двете нации. Има видео што ги прекршува Женевските конвенции“, рече тој.

„Клучното прашање е договорот за меѓународни безбедносни гаранции за Украина, што ќе ни овозможи да ја завршиме војната онака како што ѝ треба на Украина“, рече преговарачот.