Затвореник, кој е на издржување на казна во „Идризово“ преку телефон измамил неколку стумички угостители. Тој резервирал маси за наводни гости во локалот, а потоа на име подароци за гостите побарал пари од газдата, кој требало да ги даде на скопјанка.
-Вчера, (28 март) од страна на полициски службеници на СВР Струмица расчистени се неколку кривични дела „измама“ извршени на подрачјето на СВР Струмица. Утврдено е дека сторител е Б.А. од Скопје, кој во моментов е на издржување затворска казна затвор во затворот во Идризово. Истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект, информираат од МВР и додаваат:
– Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа е лишена од слобода. Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000 , од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата. Таа во разговор со полициските службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица. Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
ММС