Фестивалот Охрид Фест годинава го одбележи јубилејот 25 години постоење и заслужено ја доби епитетот, спој на традиционалното, модерното и интернационалното.
На традиционалната фолк вечер со која редовно се означува стартот на фестивалот беа исполнети 19 нови фолк мелодии, кои преставуваа спој на трубадурската и новосоздадената фолк музика. Според жирито на публиката првата награда ја доби Милован Секуловски кој настапи со песната „Спомен љубовен“, а првата награда од жири комисијата на Советот на фестивалот ја доби Лија со песната „Откако те нема“. Покрај повеќето авторски награди беше доделена и награда за најслушана песна помеѓу две фестивалски изданија, а истата и припадна на минатогодишната „Марика“во интерпретација на Нино Величковски.
Свое шоу на фолк вечерта имаше познатата балканска ѕвезда Нада Обрич.
Втората фестивалска вечер беше резервирана за новите поп мелодии,а годинава интенција на организаторот беше да им се даде повеќе простор на младите изведувачи. Споре жирито на пубчиката првата награда ја доби Лена („Дојди или оди си“) која е редовен учесник на овој фестивал, а според жирито на Советот на фестивалот првата награда му припадна на Филип Јордановски кој настапи со песната „Без тебе“.
За најслушана песна помеѓу две фестивалски изданија од поп вечерта беше прогласена песната „Очи зелено сини“, во интерпретација на Горан Милошевски.
Големиот пријател на музиката и на фестивалот Охрид Фест, Господинот Трифун Костовски имаше свое шоу на втората фестивалска вечер.
Кулминацијата на фестивалот беше постигната со интернационалната вечер на која го имавме Балканот во мало. На сцената прозвучеа поздравите кон публиката на македонски, српски, грчки,албански, англиски и бугарски јазик, а свои настапи имаа гости на фестивалот од Албанија, Хрватска, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и македонските изведувачи кои обезбедија свој пласман на Интернационалната вечер.
Александар Сања Илиќ и „Балканика“ со песната „Нови деца“, со која годинава ја преставија Србија на Изборот за песна на Евровизија ги освоија во целост симпатиите на жирито и од публиката и од Советот на фестивалот и ги освоија двете први награди.
Како пропратна активност во рамките на фестивалот беше промоцијата на тројното це-де на легендарната Нада Обриќ, составено од 50 песни кои во најголем дел ја имат одбележано големата кариера на оваа балканска дива. Идејата за ва издание е на музичкиот гигант „Croatia records“, најстара и водечка дискографска куќа на просторот на поранешна Југославија и моментално во Хрватска.
Во чест на 25 години јубилеј од фестивалот, советот на фестивалот додели признанија на фирми, поединци и медиуми кои имат дадено голем придонес во афирмацијата на фестивалот.
Меѓу другите признание за придонес во развојот и афирмацијата на фестивалот доби и Радио Мрежа Канал 77, кој долги години го поддржува фестивалот и ги емитува песните кои се дел од продукцијата на истиот.
Балканот во мало во Охрид на Охрид фест 2018 и нека победи музиката која не познава граници.