Модно советувалиште: Работен дрес код! – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/18 11:43 AM

Модно советувалиште: Работен дрес код!

Кога одите на разговор за работа или имате важен состанок, потребно е да се претставите во најдобро светло и да оставите добар впечаток. Тоа секако вклучува и себе презентација, начин на говорење но и тоа како сте облечени.

Многу е важно вашата облека да дава впечаток на професионализам и сериозност, но тоа не значи дека мора да ја жртвувате удобноста и стилот. Постои некој општ образец кога е во прашање бизнис дрес кодот и доколку се придржуавте до него секогаш ќе бидете со стил.

ФОРМАЛЕН РАБОТЕН СТИЛ
Формалниот стил е најконзервативен, кога е професионалното облекување во прашање. Кога се облекувате по овој дрес код носите строги кроеви и темна боја. Најдобар избор се панталони со рабови и сако, кои оставаат впечаток на сериозно професионална жена со став.

КЕЖУАЛ РАБОТЕН СТИЛ
Кежуал работен дрес код може да го носите надвор од кацеларија или работен состанок, обично, кога одите на интервју за работа. Полн погодок би бил едноставна бела кошула, панталони со висок струк. Оваа комбинација ќе ја надополните со суптилен накит и женствени чевли на висока потпетица. Обрнете внимание да го задржите формалниот изглед, иако опуштената варијанта е дозволена треба да знаете дека и тоа има мера. Не сакате да ве разберат премногу сериозно.