Актерот Вил СМит на синоќешното доделување на Оскарите направи сјандал за кој уште се зборува, а тој си ужива.
Тој најпрво му удри шлаканица на колегата Крис Рок, која ги шокира сите, потоа се закити со Оскар за најдобра машка улога, а откако се заврши лудо се забавуваше на журка, како ништо да не се случило.
Will Smith is at the #VanityFairOscarParty dancing with his Oscar to ‘Gettin Jiggy With It.’ pic.twitter.com/PvKrRICQEN
— Ramin Setoodeh (@RaminSetoodeh) March 28, 2022
Социјалните мрежи се полни со видеа од забавата на Венити Фер, каде Вил Смит е во центарот на вниманието, односно лудо се забавува со статуетката во раце.
Покажувајќи солидарност – што неговиот син Џејден ја покажа на Твитер порано вечерта – семејството Смит се насмевна и го опкружи Вил пред камерите, додека актерот оскаровец гордо ја држеше својата статуетка високо.