Како што руската инвазија на Украина влезе во вториот месец, тактиката на Кремљ се промени. Една од главните цели на руските трупи останува контролата врз регионот на Донбас, но фокусот сега е префрлен од југ кон запад на Украина. Градот Лвов, кој се наоѓа во близина на границата со Полска, е нова цел на руските војници, што ја направи поранешната безбедна зона нов фокус.
Лавов е стратешки клучен град во западна Украина бидејќи се наоѓа во близина на границата со Полска. Украинските власти до сега често го посетуваа Лавов, кој важи за еден од ретките градови што беа „поштедени“ од војната, а служеше и како транзитна точка поради добрата локација.
Жителите на Лавов можеа да живеат релативно нормален живот, одејќи во кафулиња и ресторани, без страв дека руските гранати ќе стигнат до нив.
Сè се смени кога инвазијата официјално влезе во втората фаза, а руската армија доби нови приоритети.
Граѓаните на Лавов за прв пат од почетокот на војната слушнале сирени ноќта меѓу саботата и неделата. Првите извештаи укажуваа дека локалното складиште за гориво било гранатирано, што подоцна го потврдија и руските власти.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските војници користеле високопрецизни крстосувачки ракети кои погодиле складиште за гориво и постројка за поправка на системот за противвоздушна одбрана. Голем пожар избувнал по гранатирањето на магацинот за гориво, кое повеќе од 24 часа го гаснеле пожарникарите.
„Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со офанзивните акции како дел од специјалната воена операција“, се вели во соопштението на Министерството. Покрај тоа, Русија употреби проектили со долг дострел за да го уништи арсеналот на ракети С-300 и противвоздушни ракетни системи БУК во близина на Киев.
Воените аналитичари предупредуваат дека ширењето на вооружените конфликти во западна Украина е опасно бидејќи регионот е во непосредна близина на Полска, која е членка на Европската унија и НАТО.
Со ова војната стигна до самата граница на Алијансата, која предупреди дека ќе испрати уште војници во Источна Европа, доколку Русија продолжи со директните закани.
Многумина овој потег го оценија и како порака од Владимир Путин испратена до американскиот претседател Џозеф Бајден, кој во тоа време беше во официјална посета на Полска.
За време на посетата на Полска, Бајден ги посети бегалците од Украина, како и воените бази, а имаше и средба со полскиот претседател Анджеј Дуда. Додека руската армија го гранатираше Лавов, кој се наоѓа во близина на полската граница, Бајден го нарече Путин „месар“.
Кремљ оценува дека со наметнување лични навреди кон претседателот Путин, невозможно е да се очекува подобрување на билатералните односи меѓу САД и Русија, дури и по завршувањето на војната во Украина.
извор: Nova.rs
фото: www.today90.com


