Уапсен исламист осомничен за подготвка на напад во Франкфурт – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/18 11:40 AM

Уапсен исламист осомничен за подготвка на напад во Франкфурт

Германската полиција денеска соопшти дека уапсила еден 17-годишен исламист, кој е осомничен дека планирал терористички напад во градот Франкфурт.

Апсењето било извршено на 1 септември, откако полицијата проценила дека тој подготвува напад од сериозни размери.

Уапсениот поседувал инструкции за изработка на експлозивни направи и се обидувал преку интернет да ги порача потребните хемикалии. Помали количества од хемикалиите биле најдени во неговиот дом.

Засега не е јасно во која фаза биле подготовките за нападот, односно дали поседувал доволно од хемиските средства за да произведе бомба.