„Здраво шампиони, имате 500.000 евра ако се пласирате на Светско“ – Премиерот Ковачевски ги испрати фудбалерите за Порто – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/22 6:00 PM

„Здраво шампиони, имате 500.000 евра ако се пласирате на Светско“ – Премиерот Ковачевски ги испрати фудбалерите за Порто

„Здраво шампиони. Она што го направивте е резултат на макотрпна работа. Владата одлучи да добиете 500.000 евра премија за пласман на Светското првенство. Многу среќа“, им порача премиерот Димитар Ковачевски на фудбалерите откако неочекувано се појави во нивниот авион пред полетувањето за Порто каде што во вторник ќе се сретнат со Португалија во финалето на баражот за пласман во Катар.

Ковачевски по стапките на српскиот претседател Александар Вучиќ кој пред неколку месеци ги испрати српските фудбалери во Португалија и им донесе среќа откако славеа со 1-2 на гости и се пласираа директно на Мундијалот во Катар.

Иаку покрај Ковачевски, на скопскиот аеродром беа и неколку министри од владата, пред се првиот човек на МНР Бујар Османи. Тие им посакаа многу среќа на сите во нашата експедиција на мечот во Порто, се разбира победа над Португалија и пласман на СП во Катар.

фото: sportmedia.mk