Кристијано Роналдо неодамна се почасти со нов автомобил, но сепак неговата колекција од скапи возила не може да се спореди со онаа што ја има Лионел Меси. Аргентинецот ја има убедливо најскапата гаража во светот на спортот, а некои извори тврдат дека автомобилите што ги поседува вредат над 30.000.000 евра!
Познато е дека Меси поседува 13 автомобили и тие се претежно луксузни или спортски модели. А колку се скапоцени неговите „миленичиња“ говори и фактот дека Кристијано Роналдо има уште шест автомобили, но неговата колекција вреди 10.000.000 евра помалку.
Всушност, двете суперѕвезди се натпреваруваа за Ferrari 335 Spider Skagletti во Париз. Овој уникатен автомобил е произведен во само четири примероци, а на крајот Меси победи на аукцијата во 2016 година.
Тој поседува и Ferrari F430 Spider кој е способен да помине од 0 до 100 километри на час за 3,6 секунди. А во колекцијата е и Pagani Zonda Roadster, едно од најскапите возила досега. И доста е бизарно што тој автомобил всушност никаде не смее да се вози бидејќи нема дозвола да излезе на пат.
Во гаражата на играчите на ПСЖ има и Mercedes SLS AMG, две Maserati и две Gran Turizma, моделите S и MC Strandale. Тој има и неколку Ауди и Ренџ Ровер, Лексус, Доџ Чарџер и Кадилак Ескалад.
Тука е и Mini Cooper, а ги купи Меси и Тојота Приус, возило со хибриден погон што е хит кај новата генерација.
извор: Mondo.rs
фото: youtube printscreen