(Видео) Холивудските ѕвезди против руската инвазија – Го сакаа Путин, сега му свртеа грб – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/22 8:50 PM

(Видео) Холивудските ѕвезди против руската инвазија – Го сакаа Путин, сега му свртеа грб

Холивудскиот џет-сет често во јавноста истакнувше колку им се допаѓа политиката и начинот на владеење на Владимир Путин. На новинарите им велеа дека се пријатели со Владимир Путин и дека ја сакаат Русија, но од моментот кога започна инвазијата на Крим, многу од нив ја променија приказната и ги претворија фалбите во апели за мир.

Леонардо ди Каприо, Стивен Сигал, Арнорлд Шварценегер, Мики Рурк, Жерар Депардје се само дел од познатите имиња кои претходните години уживаа во друштвото на рускиот претседател.

Меѓутоа, кога се случи инвазијата на Украина, многу од нив го сменија ставот. Арнолд Шварценегер беше меѓу првите кој излезе во јавноста со апел за мир кога им се обрати на војниците, граѓаните, па дури и самиот Владимир Путин со кого порача дека треба да ја прекине војната.

Актерот Мики Рурк во една прилика ја посети Русија и се воодушеви велејќи дека „никогаш не си поминал толку убаво“. „Луѓето не можеа да бидат подобри, пољубезни, попочитувани. Јас всушност отидов со Путин. Тој не однесе во многу познат музеј во Санкт Петербург“, изјави тој за Фокс њуз во таа прилика. Меѓутоа, откако започна војната, познатиот актер ја промени приказната и нагласи дека во Украина се случува „кошмар“.

„Сега се случува сосема поинаква работа“, рече Рурк, додавајќи дека се моли Путин да стави крај на војната.

Еден од најпознатите француски актери Жерар Депардје, носител на руско државјанство, сега застана на страната на Украина. Како што секогаш истакнуваше дека е голем пријател со Владимир Путин, тој го осуди конфликтот, но не го спомна рускиот претседател.

„Русија и Украина отсекогаш биле братски земји. Јас сум против оваа братоубиствена војна. Затоа велам, оставете го оружјето и преговарајте“, изјави Депардје за АФП.

Леонардо ди Каприо не го пофали претседателот Путин во своите говори, но учествуваше со него на конференцијата за зачувување на тигрите. Од почетокот на инвазијата, холивудскиот актер донирал на хуманитарните групи CARE, Меѓународниот комитет за спасување, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и спасување на децата за поддршка на Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)

Актерот, кој е познат по своите боречки вештини, Жан-Клод ван Дам, развил посебен пријателски однос со Владимир Путин. Но, од друга страна, има и силна „украинска врска“.

Имено, повикувајќи се на информации и фотографии од „Инстаграм“, порталот Globalhappenings.com во јануари напиша дека актерот „иако е оженет и семеен човек, не може а да не биде непристрасен поради неговата афера со Украинката Алена Каверина, која трае повеќе од 10 години“, тврди овој портал. Ван Дам го посети Сочи во 2010 година по повод Ultimate Fight, каде се сретна со Путин.

Страста на Стивен Сигал за боречки вештини ја поврза ѕвездата на боречките вештини со Владимир Путин. Во 2018 година, руското Министерство за надворешни работи го назначи за специјален пратеник за руско-американски хуманитарни односи. Сигал (69) своевремено го нарече Путин „еден од најголемите живи лидери во светот“, а како што потсетува „Гардијан“, руската анексија на Крим ја нарече „многу разумна“.

„Ги гледам Русија и Украина како едно семејство и навистина верувам дека странскиот субјект троши огромни суми пари на пропаганда за да ги испровоцира двете земји да се караат меѓу себе… Се молам двете земји да дојдат до позитивно, мирно решение. во кој можеме да живееме и заедно напредуваме во мир“, изјави Сигал за Fox News Digital.

Контроверзниот режисер Оливер Стоун, кој е познат по интервјуата со познати политичари како Фидел Кастро и Хуго Чавез, беше логичен избор на Путин. Стоун го интервјуираше Путин пред две години за односите меѓу Америка и Русија, украинската криза по анексијата на Крим во 2014 година, проширувањето на НАТО за сите американски граѓани да ја слушнат и разберат руската страна. Така настана четиричасовната серија „Интервјуа со Путин“.

Иако претходно го опиша како „чесен политичар кој се грижи за добри односи со Америка“, тој сепак ја осуди војната во Украина.
„Иако САД имаат многу агресии на својата совест, тоа не ја оправдува Путиновата во Украина. Десет грешки не прават една исправна… Русија направи грешка со инвазијата“, рече режисерот.

извор: Mondo.rs

фото: Инстаграм/Јутјуб/скриншот