Скандал! Украинска пливачка која избегала од Крим во Турција јавно го згази руското знаме – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/22 2:00 PM

Скандал! Украинска пливачка која избегала од Крим во Турција јавно го згази руското знаме

Викторија Солнцева сега се вика Викторија Зејнеп Гунеш. Порано пливала за Украина, но во 2014 година избегала од војната и нашла засолниште во Турција. Во 2014 година, идната европска јуниорска шампионка се најде на Крим кога почнаа немирите.

Таа била во камп за обука во Јалта, а потоа руската армија на Крим започнала со операции и веднаш решила да ја напушти родната земја со своето семејство. А Турците подготвени ги дочекале.

„Бевме во Јалта кога дојдоа Русите и бевме многу исплашени. Веднаш се вративме во Полтава, каде живеевме и си ги спакувавме работите. Дојдовме во Истанбул преку Киев, се се случи за три дена. А подоцна дознавме дека базенот во кој пливав во Киев беше радиоактивен“, откри таа.

Таа освои четири златни медали на Светското јуниорско првенство во Сингапур во 2015 година, но под ново име и под турско знаме. Сепак, таа не ги заборави своите корени, па сега 23-годишната европска шампионка на 400 метри неколку пати даваше изјави за војната во Украина.

Она што предизвика вистински скандал е една од нејзините стории на Инстаграм каде го гази руското знаме.

По тој повод се огласи и министерот за спорт на Русија, Дмитриј Швишев, кој апелираше до ФИНА, да ја казни турската пливачка.

“Ова е навистина одвратно. Би сакал да верувам дека Меѓународната пливачка федерација, како и други релевантни организации, ќе го казнат спортистот за ваквото однесување. Нашите спортисти се казнети за нивните ставови, а тука имаме вистински излив на национализам кон една земја. Ваквите провокации треба да се казнуваат без разлика во која земја се испратени и која земја ја претставува спортистот што ги прави. Мислам дека нашата федерација треба да се обрати до ФИНА со барање детално да се истражи овој случај“, рече Швишчев.

извор: Mondo.rs

фото: Инстаграм