Пред најавеното објавување на резултатите од Пописот 2021 на настанот закажан за среда, 30 март, ТВ21 од извори во Заводот за статистика објави податоци, според кои, во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, објавува телевизијата, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 24,7 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава. Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, додека на припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%.
Линк до веста на ТВ 21