„Ајде да одвоиме малку време за да размислиме и да разбереме. Единствениот правилен потег сега е да ја кренете главата и да свртите кон иднината“. Роберто Манчини и порака која наликува на отворен прозорец за продолжување на патеката започната во 2018 година на клупата на репрезентацијата. Затворен во тврдината Коверчиано, со Италија надвор од Мундијалот втор пат по ред, Мансио се бори против негативните мисли, оние кои во прес-салата во Палермо го принудија да ги врати солзите. И тој ги избра социјалните мрежи за да се наврати наназад. И не е изненадување што горчината е сè уште силна.
„Фудбалот понекогаш може да биде безмилосна метафора за животот – се зборовите на Мансио на Инстаграм.
– Минатото лето бевме на врвот на Европа откако го завршивме еден од најубавите подвизи во историјата на репрезентацијата. Пред неколку часа се разбудивме во една од најдраматичните точки. Поминавме од целосна радост во фрустрирачко разочарување. Навистина е тешко да се прифати, но прифаќањето на порази во животот е исто така дел од здравиот пат на човечкиот и спортски раст . Благодарност до публиката во Палермо и до навивачите „кои секогаш ни пренесуваат ентузијазам и наклонетост“, напиша Манчини.
За селекторот ова се часови на внатрешни маки и размислувања: првичната идеја, по поразот во плејофот од Македонија, беше да се тргне настрана. Играчите, капитенот Кјелини во водство, бараат од него да остане, ова го потврди претседателот на Федерацијата Гравина во прес-салата на Барбера. И сега го чека (втора) средба со својот тренер, за да се обиде да го убеди да продолжат заедно. Тој, Роберто, се прашува дали сè уште има сила да се врати во игра, дали времето што го дели од наредното (можно) Светско првенство не е превисок ѕид.
Пораката преку социјалните мрежи им дава малку оптимизам на оние кои сепак би сакале да биде на чело на националниот тим. Манчини има договор од четири милиони евра, што истекува во 2026 година. Годината во која ќе има ново Светско првенство во САД, Мексико и Канада.
Кориера дела Сера


