Италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ објавува видео од корисник на Твитер, каде силно се слушаат извиците на публиката, која ги испраќа од стадионот фудбалерите на репрезентацијата на Италија.
„Во Палермо , „аѕурите“ загубија со 1-0 од Северна Македонија и како пред четири години од Шведска , го напуштаат теренот во солзи и разочарување на публиката на Ренцо Барбера. На ова видео, објавено на Твитер од @aboutgiugiulola, се слушаат фановите како извикуваат: „Срамота!“, пишува весникот.