Резервирал конференциска сала и соби па уште побарал и добил 56.000 денари од хотелиер – измама во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/22 4:26 PM

Резервирал конференциска сала и соби па уште побарал и добил 56.000 денари од хотелиер – измама во Струмица

Невообичаена измама во која жртва е 62-годишнен хотелиер од Струмица. Според МВР, на 25.03.2022 во 14.20 часот во СВР Струмица, вработен во хотел во Струмица, пријавил дека бил измамен од едно лице кое телефонски, претставувајќи се дека е од Скопје, резервирало неколку соби и конференциска сала во хотелот, а потоа се  јавило уште два пати и му побарало од него да плати вкупно 56.000 денари за услуга што некоја фирма му ја извршила во Струмица, кои ќе му бидат вратени по неговото доаѓање таму.

-Според пријавеното, пријавителот ги испратил потребните пари преку посредник, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.