Во среда ќе дознаеме колку сме – ќе бидат објавени податоците од Пописот – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/22 11:32 AM

Во среда ќе дознаеме колку сме – ќе бидат објавени податоците од Пописот

Државниот завод за статистика (ДЗС) во среда, на 30 март, во салата на Македонска Филхармонија, ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021.

На настанот освен директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и заменикот-директор, Илми Селами, ќе зборува и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.

Објавувањето на податоците од Пописот со свое присуство ќе ги следи речиси цела влада, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, со голем број министри и заменици-министри , претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија, претставници на агенции, институции и организации, како и делегации на статистичките заводи и институти од  Регионот и пошироко.