Барди, Трајковски и селекторот Милевски добиваат дипломатски пасош – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/22 10:30 AM

Барди, Трајковски и селекторот Милевски добиваат дипломатски пасош

Стрелецот на победничкиот гол во натпреварот со Италија, Александар Трајковски, потоа Енис Барди и селекторот Благоја Милевски, на мала свеченост во 11 часот во Министерството за надворешни работи ќе добијат дипломатски пасош. Ова го соопшти министерот Бујар Османи, на брифингот со новинарите пред малку.

-Тројцата денес се најважните наши амбасадори и се заслужни со нивните успеси. Јас им посакувам успех и на средбата со Португалија. изјави Османи.

Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе во 12.30 часот ќе ги имаат во свои раце.