Патот од лош до добар секс трае само 14 дена – Што треба да правите секој ден? – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/22 10:00 PM

Патот од лош до добар секс трае само 14 дена – Што треба да правите секој ден?

Не мора буквално да ги следите советите, нека ви биде поттик да размислувате, вели психологот Шерил Кингсберг, која го смислила планот за суперсекс.
– Најважно е да не се зема здраво за готово дека романсата ќе трае сама по себе – вели проф. Кингсберг. Но, многу парови паѓаат во замката на рутината, па двонеделен распоред ќе ги разгори страстите, но и ќе ја зајакне сексуалната самодоверба и задоволството од сопствениот изглед.

– Оптоварени со постојаното ѕвонење на мобилните телефони, грижата за децата, грижите за недостаток на пари, за многу жени сексот стана само уште еден стрес кој им ја троши сета енергија – вели Џина Огден, авторка на „Како да ја вратите желбата“.
Првиот и најважен чекор во промената е да разговарате со партнерот за тоа што сакате и да се договорите како следните 14 дена ќе им ги посветите на страстите.

Ден 1
Најдете околу 15 минути за разговор. Прошетајте по вечерата или разговарајте во кревет. Чувајте ја таа навика во следните две недели, ќе ви помогне (повторно да се поврзете). Запишете пет детали поради кои го сакате вашето тело и тоа ќе ви помогне за да ги освестите. Повеќе од 20 проценти од жените велат дека ги попречува незадоволството од телото во кревет. Но, вистината е дека мажите не ги ни забележуваат. Само пет проценти од мажите го имаат овој проблем.

Ден 2

Наместо да скокате штом се вклучи алармот, украдете половина минута – прегрнете се, погледнете се во очи и шепнете си нешто убаво. Не одете на работа само со брз „цмок“. „Филмски бакнеж нека стане правило. Посветете се на медитација и јога вежби. Три едноставни вежби ќе бидат доволни. Носете нешто удобно за кревет наместо стара растеглива маичка. Не мора да биде секси, само малку пошармантно.

Ден 3
Додадете секс во вашиот распоред наутро. Тогаш кортизолот е на својот врв, имате енергија, а после секс ќе се подигне нивото на хормони кои промовираат добро расположение. Нема оправдување – наутро најдобро е секс, кој трае меѓу 7 и 13 минути. Дури и да не сте расположени, желбата ќе се разбуди кога ќе се нафрлите еден на друг. Вечерта „зачинете ги“ тие 15 минути зборувајќи за нови пози и места, секс играчки …
Ден 4
Вклучете 20-30 минути вежбање дневно во вашиот распоред, барем со пешачење до или од работа. Посветете се на истражување на вашето тело под туш – допирајте и галете се за да почувствувате што ве возбудува. Испратете секси меил на вашиот партнер за да се подготвите за првата „посериозна“ вежба: почестете се со мала масажа и сензуален допир, но – без секс. Партнерите често се премногу фокусирани на оргазам и премалку нежни еден кон друг.

Ден 5
Мастурбирајте неколку пати неделно. Започнете под туш денес. На клиторисот има повеќе од десет милиони чувствителни нерви, а само вие можете точно да сфатите како да го допрете за да уживате.
Пробајте некои основни јога позиции, тоа ќе ја зголеми мобилноста. Планирајте го утрешното излегување со партнерот, изберете нов ресторан, побарајте изложба или филм за гледање… Легнете рано и разговарајте.

Ден 6
Одете во теретана после работа. Покрај зголемувањето на нивото на ендорфин, истражувањата покажуваат дека мажите кои не се активни имаат 40-60 отсто поголем ризик од еректилна дисфункција. Поттикнете го партнерот да вежба и да се опушти, стресот ја намалува желбата за секс кај жените. Водете љубов пред излегување – сосема спротивно од планот да јадете во ресторан  и да имате секс кога ќе се вратите дома, кога целата крв тече во стомакот за варење.
Ден 7
Опуштете се барем еден ден во неделата, правете го она што го сакате и дружете се со семејството. Добијте книги и списанија со еротска содржина и наизменично читајте си еден на друг навечер. Пробајте ги еротските колекции  или  „50 нијанси сиво“. Ова ќе ви помогне да заспиете со еротика и секс на ум или да ве поттикне да „дејствувате“ пред спиење.

Ден 8

Продолжете да ги истражувате телата, допирајте се. Кажете му на партнерот што сакате, прашајте го што му одговара. Истражувањата покажуваат дека жените кои зборуваат за тоа што сакаат во кревет се за 30 отсто позадоволни од партнерот и сексот. Испланирајте да остварите некои сексуални фантазии на вашиот партнер – утре е најдобриот ден за тоа. Подгответе се што ви треба – однесете го ќебето до автомобилот, резервирајте соба, договорете се кој ќе се грижи за децата …
Ден 9
Опуштете го телото и умот со јога. Завршете со позата савасана, поза за релаксација на телото изведена на крајот од тренингот. Исклучете се пред да тргнете во авантура – исклучете го телефонот, тргнете го лаптопот од собата, исклучете го телевизорот. Или прошетајте до плажата, најдете скриено катче во паркот, скријте се во градината … Вечерва реализирајте ја фантазијата што ја споделивте. На пример, жените нека земат предвид дека се очекува иницијатива.

Ден 10
Бидете љубезни кон партнерот – дајте комплимент, подарете мал подарок (дури и со чоколадо можете да покажете љубов). Пофалете го вашиот партнер. Бидете љубезни кон себе – дајте си нешто што ќе направи да се чувствувате секси. Нов мирис, кармин, некое парче облека или подгответе си релаксирачка купка. Запалете миризливи свеќи. По вечерашниот 15-минутен разговор, гледајте комедија и смејте се заедно. Држете се за раце.

Ден 11
Планирајте заедничка вечера, излезете на прошетка или гледајте ДВД – важно е да бидете заедно. Истражете што може да помогне во добра врска, сурфајте заедно, читајте за тоа. На пример, истражувањата покажуваат дека мирисите на лаванда и тиква го зголемуваат протокот на крв во пенисот за 40 проценти. Мирисот на краставица или сладунец го зголемува снабдувањето со крв во вагината за 13 проценти. Запалете свеќи, користете миризливи бањи, масирајте се меѓусебно…
Ден 12
Одете во салон за масажа. Истражувањата покажуваат дека допирот кај жените го зголемува нивото на окситоцин, хормонот на задоволството, што ќе ја зголеми желбата за секс. Ако не можете да одвоите час и половина, одете на фризер, миење коса со масажа на главата. Кога сте сами, внимавајте да не ве вознемируваат и направете си, почастете си се мегусебно со орален секс. Дури 65 отсто од партнерите повеќе уживаат во оралниот секс.

Ден 13
Размислете и проценете ги придобивките што сте ги имале од времето што сте го посветиле на врската. Дали го добивте тоа што го сакавте? Како беше вашиот партнер? Запишете што ви се допаднало или што можеби немате. Наизменично читајте што напишал вашиот партнер на ливчињата. Забавувајте се, шегувајте се, пофалете го партнерот или уште еднаш посочете што особено ви се допаѓа. Размислете за нови идеи, разговарајте за нив.
Ден 14
Потсетете се на придобивките од утринскиот секс, итно. Честитајте и заблагодарете му на вашиот партнер што напорно работеше 14 дена. Ветете си еден на друг дека ќе продолжите да го правите тоа. Сигурно сте дошле до некои идеи за подобра врска или сте вовеле новитети кои ве прават позадоволни. Држете се до нив. Обидете се да ја задржите навиката за разговор од 15 минути секоја вечер. И, ако ништо друго, повторувајте ја оваа програма неколку пати годишно.

Извор: 24sata.hr