(Видео) „Леле многу ги здоболе Италијанците“ – Нашите навивачи со полициска придружба испратени од Палермо – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/22 4:11 PM

(Видео) „Леле многу ги здоболе Италијанците“ – Нашите навивачи со полициска придружба испратени од Палермо

Со полициска придружба вчера вечерта по натпреварот беа испратени двата автобуси полни со навивачи.

Полицијата од страв да нема евентуални проблеми, автобусите ги следела до хотелот каде биле сместени нашите навивачи, а по 15 минути дружење, ги исптатила до излез од градот.

-Убаво беше да си Македонцец. Таква среќа, таква радост, такво задоволство. Убавина на душа. Кога заврши натпреварот нас не не пуштија да излеземе веднаш од стадион. Не оставија да на стадион да седиме се додека се се расчисти за да нема проблеми. Многу ги здоболе Италијанците што победивме.

По натпреварот влеговме во автобус и отидовме кај нашите во хотел. Со нив  15 минути се радувавме, пеевме, игравме и тргнавме. Веднаш си тргнавме за дома, цела нок патувавме и сега сме во Бари. Вечерва во 22 часот тргнуваме. Да се одмориме и се подготвуваме за Португалија, ни рече Мирослав попоски, навивач, кој редовно ги следи спортските натпревари.