Дочек на плоштадот Македонија на фудбалските херои во 18.30 часот – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/22 3:03 PM

Дочек на плоштадот Македонија на фудбалските херои во 18.30 часот

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера направи сензација откако ја совлада Италија во Палермо и се пласираше во финалето на баражот за Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Фудбалерите денеска во 17.30 часот ќе пристигнат на меѓународниот аеродром Скопје, а потоа во 18.30 ќе се појават на плоштадот Северна Македонија каде ќе ги поздрават македонските навивачи.

Финалниот натпревар против Португалија ќе се игра на “Драгао” во Порто во вторник.

фото: ФФМ