Дошол да ја посети бившата сопруга, па си го истепал детето – НБА играч исфрлен од тимот на Сакраменто – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/22 5:00 PM

Дошол да ја посети бившата сопруга, па си го истепал детето – НБА играч исфрлен од тимот на Сакраменто

Кошаркарот Ришон Холм во август потпиша нов четиригодишен договор вреден 55.000.000 долари, а на теренот не е од 18 март поради „приватни причини“. Сега Сакраменто Кингс открија дека „приватните причини“ се всушност семејно насилство!

Кингс центарот Ришон Холмс е обвинет за насилство врз поранешната сопруга и детето. Во полицискиот извештај кој протече во медиумите се наведува дека 28-годишниот Холмс дошол да го посети својот син на 6 февруари и дека тогаш го удрил толку силно што детето искрварило!

Веднаш доби забрана за приклучување, а на 16 март беше исфрлен од тимот од Сакраменто и јавно истакна дека Холмс нема да игра до крајот на сезоната.

Холмс прво ги негираше овие обвинувања и напиша серија твитови во кои се бранеше, но потоа ги избриша тие твитови. Неговиот клуб повторно се огласи кога во медиумите се појави приказна за семејно насилство.

„Целата организација на Сакраменто Кингс сака да нагласи дека нашиот став за семејното насилство е јасен. Го почитуваме правниот процес и ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, рече Кингс во краткото обраќање.

фото: www.sactownroyalty.com/