Американскиот фотограф побарал од плус сајз моделот да плати повеќе за фотографирањето поради вишок килограми, а оваа приказна на TikTok ја сподели неговата „жртва“ манекенка Меган Месвескас (24).
Таа во видеото рече дека нејзината мајка, која е и нејзин агент, контактирала со фотографот Вилијам Лордс за да се фотографира за нејзиното портфолио. Таа била шокирана од фактот дека цената на снимањето за полнички девојки била за 100 долари повисока од цената за истите услуги, но за „слабите“.
“Ми падна вилицата кога ја видов неговата порака. Зошто да се прави разлика помеѓу жените според нивната дебелина? Дали е доволно тешко што се бориме да бидеме во оваа индустрија?”, вели оваа прекрасна грутка во видеото.
Меѓутоа, Лордс се бранел, наведувајќи дека им ја покачил цената на клиентите со прекумерна тежина бидејќи му било потешко да најде облека во нивната големина, која е неопходна за снимање.
“Лесно е да обвиниш некого веднаш без да разбереш што се случува. Јас сум црнец кој живее во САД и бела жена тврди дека ја дискриминирам? Не ми е грижа”, се правдал тој.
Оваа приказна ја пренесоа сите светски медиуми, се крена голема прашина, а фотографот, како што велат, решил да ја тужи Меган за клевета. Во исто време, тој одлучи да ги изедначи цените во ценовникот за модели од сите големини.
Видеото на Меган предизвика бурни реакции на мрежите, а луѓето беа навистина шокирани од однесувањето на Лордовите.
“Ова е скандал! Дали тоа значи дека жените кои се буцкасти треба да плаќаат повеќе за услугите на козметичарите? Лицето обично им е поголемо од слабите, затоа ли треба да се вклучи во цената?”, коментираат тие на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
извор: Mondo.rs
фото: Instagram