Манчини е веќе бивши – Италијанците веќе му најдоа замена на селекторот – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/22 12:54 PM

Манчини е веќе бивши – Италијанците веќе му најдоа замена на селекторот

Иако претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Габриеле Гравина, јавно му даде поддршка на селекторот Роберт Манчини откако не отиде на Мундијалот, тамошните медиуми веќе почнаа да бараат одредени имиња кои би можеле да го заменат Манчини.
Гравина, значи, стои до Манчини, но прашање е дали селекторот ќе поднесе оставка?

Ако го направи тоа, Гравина веројатно нема да му одолее, туку би ја прифатил неговата одлука.
На некој начин се е во рацете на Манчини, а италијанските медиуми веќе почнуваат да ги споменуваат неговите потенцијални наследници. Sky Italia и Gazzetta dello Sport  веќе туркаат две лица во прв план.

Првиот е „пик“ Фабио Канаваро (48), капитен на генерацијата што го освои Светското првенство во Германија во 2006 година. Канаваро моментално е без работа откако со години работи на Блискиот Исток и Кина. Со Гуангжу беше шампион на Кина и го освои Суперкупот.

Другиот фаворит е „стариот лисец“ Марсело Липи (73), кој ја водеше истата Италија од клупата во 2006 година, а дури се споменува дека Липи и Канаваро би можеле заедно да ја водат репрезентацијата.

Можна е и трета опција со Карло Анчелоти, доколку раскине со Реал Мадрид, за што шансите објективно не се големи.

Извор: ba.n1info.com

Фото: Принтскрин Јутјуб