КОРЕГИРАНО: Горан Гаврилов од Канал 77, нов претседател на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/18 10:38 AM

КОРЕГИРАНО: Горан Гаврилов од Канал 77, нов претседател на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите

На дешната седница на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите, Горан Гаврилов од радио мрежа Канал 77 е избран за претседател на ова тело. За негов заменик е избран Амир Кадриу од Радио Вати.

Покрај овие двајца, други членови на Надзорниот одбор се новинарите Горан Трпеноски, Александра Мицовска Митевска и Петре Димитров.

Претседателот, заменикот и членовите на Надзорниот одбор на СЕММ имаат мандат од четири години и улогата на ова тело е контрола врз примената на Статутот и другите акти на СЕММ, контрола врз материјално – финансиското работење и др.