„Роналдо доаѓаме, не си тепан со влечки од Чик Куманово“ – Твитови по победата на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 11:16 PM

„Роналдо доаѓаме, не си тепан со влечки од Чик Куманово“ – Твитови по победата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација приреди вечерва во Палермо сензација, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март.

Кога сè навестуваше дека мечот во Палермо ќе оди во продолженија, Трајковски со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада немоќниот Донарума и донесе огромна радост за околу 1.500 македонски навивачи во Палермо.

Македонија е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе и биде потребна уште една гостинска победа на 29 март во Порто против Португалија, која вечерва во второто полуфинале од групата ја совлада Турција со 3-1.

По победата на Македонија, ММС ги избра најдобрите твитови на социјалната мрежа Твитер посветени на победата на нашите фудбалери.

 

 


извор: Твитер