Македонската фудбалска репрезентација го нокаутира европскиот првак Италија со 1-0 среде Палермо и се најде на чекор до пласман на Светското првенство во Катар.
Избраниците на селекторот Боби Милевски преку Александар Трајковски во 90-та минута се изборија за водство и конечни 1-0 со што обезбедија финале на плејофот в недела во Порто против уште еден европски првак, Португалија.
Ова ќе биде долга ноќ на славење на македонските фанови во Палермо кои им дадоа поддршка во огромен број на нашите фудбалери. Ова е најголем успех во историјата на македонскиот фудбал.
Победничката атмосфера ги тресеше напите навивачи уште денес. Палермо беше обоен во црвено-жолта боја.
Погледнете што се случуваше низ улиците на Палермо.
О.К.
фото: ФФМ