(Видео) „Врескав додека мајка ми гореше“ – Андриј (15) поминал низ пекол додека бегал од војната – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 9:27 PM

(Видео) „Врескав додека мајка ми гореше“ – Андриј (15) поминал низ пекол додека бегал од војната

Анадриј(15) од Чернихив, побегнал од својот град, а потоа и од автомобилот во кој се наоѓал кога згазнале на мина, јавува Си-Ен-Ен.

„Видов жолта експлозија, слушнав бучава во моите уши. Само се сеќавам дека се разбудив на патот. Видов уништен автомобил и мајка ми како гори“, изјави тој за Си-Ен-Ен додека се опоравуваше во детската болница во Лавов.
Потоа рекол дека почнал да вреска и дека не може да оди, мештаните кои ја слушнале експлозијата го однеле на безбедно, а мајка му изгорела.

Северниот град Чернихив го доживеа едно од најинтензивните гранатирања откако Русија ја нападна Украина пред еден месец. Зградите се многу оштетени, улиците полни со урнатини додека пожарите го исполнуваат воздухот со густ чад.

Фото: Видео Твитер