Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 4:28 PM

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица

Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел – 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции. Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по осум, Кичево – шест, Струмица и Гевгелија – по пет, Тетово – четири, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по три, Неготино, Виница и Богданци – по два, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по еден позитивен случај.

Од оздравените пациенти, 152 се од Скопје, во Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – седум, Ресен – шест, Велес – пет, Кичево и Гостивар – по четири, Тетово и Кочани – по три, Штип и Берово – по два, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по еден.

Од трите починати лица, едно е од Битола на 63 години, едно лице од Охрид на 85 години и едно од Крива Паланка на 76 години. Сите се починати во болнички услови. Кај сите три лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје активни на Ковид-19 се 1.132 пациенти, во Куманово – 70, Битола – 148, Прилеп – 103, Тетово – 42, Кавадарци – 82, Велес – 26, Гостивар – 15, Охрид – 82, Струмица – 26, Штип – 19, Кичево – 40, Кочани – 20, Струга – 10, Гевгелија – 26, Неготино – 12, Ресен – 13, Свети Николе – двајца, Радовиш – 12, Крива Паланка – пет, Делчево – 14, Дебар – осум, Берово – двајца, Валандово – пет, Виница – 11, Пробиштип – тројца, Богданци – 10, Кратово – осум, Крушево – шест, Демир Хисар – пет, Македонски Брод – еден, Демир Капија – тројца, Македонска Каменица – тројца, а во Пехчево и Дојран нема активни случаи.