Двајца скопјани присвоиле земјиште од „Св. Јован Бигорски“ па заработија кривична – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 3:58 PM

Двајца скопјани присвоиле земјиште од „Св. Јован Бигорски“ па заработија кривична

Против двајца скопјани поднесена е кривични пријави за узурпација на државно земјиште каде почнале бесправно да градат.

– Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против А.Ќ.(49) и Ј.А.(55), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“. Пријавените, на различни катарстарски парцели кај месноста „Манастирец“ во близина на езерото „Шпиље“-општина центар Жупа, на државно земјиште, без одобрение за градба изградиле објект, информираше Стефан Димоски, портпарол на секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него А.Ќ. се стекнал со противправна материјална корист од 69.300 денари, додека Ј.А. со противправна имотна корист од 37.431.денари.

Узурпираното земјиште кај Манастирец или попознато како месност “Три чешми” со денационализација е вратено во сопственост на Бигорски манастир.