Ментален детокс во четири чекори – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/18 10:28 AM

Ментален детокс во четири чекори

Со оглед на модерниот стил на живот, безо темпо и стрес на кој сме секојдневно изложени, менталниот детокс е нешто што му е потребно на умот со цел да ги средиме своите мисли. Понекогаш психичката стабилност и внатрешниот мир е се она што ни е потребно за да го земеме сопствениот живот во свои раце.

Предлагаме неколку совети за ментална детоксикација по која ќе изгледате полесно и поубаво.

1. ПОТРУДЕТЕ СЕ ШТО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ДА ПОМИНЕТЕ ВО ПРИРОДА
Прошетката во природа, на свеж воздух е идеален начин да ги растеретите мислите и да се опуштите, а како благодет на вашата психа добро ќе ви дојде и физичка активност.

2. ПОТРУДЕТЕ СЕ СТРЕСОТ ДА ГО ДОВЕДЕТЕ НА МИНИМУМ
Потрудете се да утврдите кои се главните извори на вашиот стрес, а потоа пронајдете начин да ги елеминирате од својот живот или сведете ги на минимум.

3. БИДЕТЕ ОПКРУЖЕНИ СО ЛУЃЕ КОИ ГИ САКАТЕ
Бидете со луѓе кои ги сакате и кои вас ве поддржуваат во секоја ваша замисла. Времето поминато во позитивно опкружување ќе ве направи да бидете среќни, благодарни и мотивирани да остварите своите соништа.

4. ПОСВЕТЕ СЕ НА НЕШТО ШТО САКАТЕ
Работете работи кои ве прават среќни, затоа што чувството на исполнетост е едно од најдрагоцените чувства во животот. Почнете да се занимавате со некое хоби или спорт кој ве привлекува. Извлечете го од себе најдоброто.