„Понудата важи ограничено“: Кадиров му понуди работа на Зеленски
За време на прошталниот говор пред војниците на Руската Федерација во Грозни, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му понуди на украинскиот претседател Владимир Зеленски работа со скратено работно време на телевизија.
„Штом Зеленски одговори на нашиот повик да го прекине отпорот и да седне на маса за мировни преговори, ќе му дадеме таква можност. Можеме дури и да организираме посебно шоу во Грозни“, напиша Кадиров на својот профил на Телеграма.
Според Кадиров, таква понуда била дадена на барање на неговиот сонародник, кој сега учествува во специјална операција во Украина.
„По завршувањето на воената операција поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработи, а Ајуб бара да му се даде шанса да игра во репрезентацијата на Чеченија во Клубот на веселите и снаодливите“, Кадиров. кажа.
Тој додаде дека неговата понуда важи ограничено, бидејќи „подоцна ќе биде доцна“.
извор: Nova.rs
фото: Twitter