Полициски службеници од СВР Велес вчера го уапсиле лицето М.З.(31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14.03.2022 влегол во градинка на ул.„Коле Цветков” во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи.
М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неофицијално, крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката
која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар. .
Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации која вечер точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.
извор: МВР
фото: Facebook