Богатите клубови прават нова Суперлига, овојпат без Англичаните – Јуве, Барса и Реал ќе ја уништат Лигата на шампионите – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 9:50 AM

Богатите клубови прават нова Суперлига, овојпат без Англичаните – Јуве, Барса и Реал ќе ја уништат Лигата на шампионите

Помина речиси една година откако 12-те најбогати клубови во Европа решија да се повлечат од Лигата на шампионите и да основаат ново натпреварување, Супер лигата на богатите, но се сеќаваме дека таа заврши неславно – бидејќи поради заканата од санкции, идејата живеел само 48 часа!

Сепак, некои од нив не се откажаа… Јувентус, Реал Мадрид и Барселона најдолго се спротивставија на притисоците на УЕФА, а се чини дека цело време работеа на нов таен проект, кој го откри првиот човек на шпанскиот шампионат Хавиер Тебас.

Според него, нè очекува нов пресврт во Суперлигата на богаташите бидејќи Ањели, Перез и Лапорта не се откажуваат така лесно, иако Чеферин им се закани дека ќе ги исфрли од Лигата на шампионите. Тројцата веруваат дека еден ден натпреварите на УЕФА едноставно ќе пропаднат и сакаат да бидат подготвени за тоа.

„Флорентино Перез никогаш не губи, тој секогаш мисли на нешто ново. Суперлигата на богатите е концепт кој започна пред неколку години и е повеќе флорентински од проектот на Реал Мадрид“, изјави Хавиер Тебас.

Сè уште постои. Се обидуваат да видат што ќе каже Европската Унија, па сега работат на нов проект кој исто така мислам дека ќе пропадне.Тие сакаат натпревар без тимови од Англија, а се е насочено против УЕФА , ФИФА и Премиер лигата“, објасни Тебас.

Да потсетиме, претходниот проект пропадна токму кога тимовите од Англија почнаа да се повлекуваат поради притисокот од навивачите, прво се повлекоа Челзи и Манчестер Сити, а потоа се се сруши како кула од карти.

Една од причините зошто се подготвени да одат против Премиер лигата е последната одлука на УЕФА за промена на финансискиот фер-плеј, што ќе им овозможи на клубовите од Англија да имаат поголема куповна моќ. Во иднина 70% од приходите ќе можат да трошат на трансфери, а добро е познато дека ТВ правата на Островот се неспоредливо подобро платени.

Затоа во план е фудбалските лиги на Шпанија, Италија, Германија и Франција да се одлепат од Англија и Лигата на шампионите за да можат да основаат ново натпреварување во кое ќе можат да земаат пари.

извор: Mondo.rs

фото: