Британските власти му дозволуваат на Абрамович да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/22 8:11 AM

Британските власти му дозволуваат на Абрамович да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи

Владата на Велика Британија направи уште една промена на лиценцата за работа на Челзи, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на „Sky News“.

Според изворот, промената би можела да ја доведе матичната компанија да инвестира до 30 милиони фунти во Челзи за да го одржи клубот да работи во услови на проблеми со готовина и ликвидност.

Основач на лондонскиот клуб е „Fordstam Ltd“, кој е во сопственост на рускиот бизнисмен Роман Абрамович.

На 10 март, Велика Британија воведе санкции против Абрамович. Премиер лигата го отстрани Русинот од раководството на Челзи. Бизнисменот реши да го продаде клубот и го предаде управувањето на повереници на добротворна фондација.

МИА